Sunday, September 11, 2011

ама

Меѓу другото, додека го поминував мостот од Pest во Buda, слушав класична музика на една радио станица, автобусот се разминуваше со трамваи. Сообраќајот изгледаше хаотичен, а сепак толку возбудилв затоа што се е всушност истрасирано. Јас, патник на сигурно, ја слушав вибрантната класична музика која го менува тонот и бојата и го прави истрасираниот хаос возбудлив. Прекрасна архитектура. Прекрасна. За момент, заборавам на социјалниот контекст, на влогот заради кој зградите изгледаат вака, и едноставно уживам во артистичкото дело на цветови и лица изгравирани покрај секое мало балконче. Јас според студии сум политиколог и до некаде историчар, но убаво е кога понекогаш успевам тоа да го избришам од позадината на мојот ум и да го доловам она другото во кое најчесто се сопирам. Оваа зграда изгледа грандиозно и раскошно-убаво, накитено и богато! Заборавив на АМА...
Нешто подоцна шетавме низ градот со автобус со расипана клима и тетка- туристички водич која е една од оние за кои мислам дека не може да помисли зло и не знае да повиши тон. Ваков вид на прошетки не ми се омилени но се корисни за да ме лоцираат во простор и време. Деталите ќе следуваат откако за повеќе од 1,2,,3, 5 минути ќе ги доживувам симетрично изградениот парламент, главните авении и булевари (патем, го сакам зборот булевар затоа што кога бев мала и живеев во Пробиштип, таму имаше вкупно еден семафор, а булевар тогаш знаев дека е нешто многу понапредно од тоа), библиотеките, музеите, бањите, парковите, плоштадите, сите преименувани по пет шест пати во зависност од РЕЖИМОТ и ВЛАСТА. За мене покрај сите монументални згради кои едвај чекам детално да ги истражам, еве што беше најзабавно: додека шетавме низ Областа (Castle District) со замоци и тврдини, застанавме пред отворените прозорци на една сосма обична станбена зграда лоцирана помеѓу сите палати (остаток од некакви решени или недорешени национализации или денационализации). Додека тетката водич раскажуваше за тоа како во оваа област живее претседателот и дел од пратениците, јас ѕиркав внатре преку отворените прозорци во полиците со книги и домаќинска атмосфера. Веќе замислував како сум внатре во таа соба, и имам пристап до нечија мала библиотека која е во непосредна близина до монументалната Национална Библитека. Одеднаш, се појави едно старче со огромни очила и нервозно почна да го затвара прозорецот затоа што нашата тетка гласно и возбудливо ни раскажуваше . . . за неговото секојдневие.  

No comments:

Post a Comment