Го запознавам и градот и
луѓето се повеќе. Секој ден патеката е позната: Автобус- 2 станици, Метро/ 6
станици до Deak Ter , и 10 минути пешачење. Исто онолку колку што ми требаше за да стигнам
до факултет во Скопје со 2 или 12. Метрото е секогаш приказна- секој ден. Затоа
што до тебе, пред тебе стои или седи некоја приказна. Вчерашната беше мала
кавга помеѓу дебелко плаво девојче со развлечено старо зајче (играчка) во раце
и нешто постариот брат од нејзе, можеби пет годишен со огромни сини очи.
Малата плачеше затоа што братчето додека
метрото безмилосно поаѓаше се држеше цврсто за истата рачка како и нејзе, и
плачеше на цел глас секогаш кога раката на брат и ќе ја допреше. Но приказни
има многу, напнатос и уживање исто така.
Факултетот во кој
студирам се наоѓа во строгиот центар на градот, на 3 минути пешачење до Дунав
каде потоа пак се отвора цела една нова разгледница. Блиску е и академијата на
науките, базиликата св. Стефан, а блиску е и едно мало местенце за добро кафе
кое се вика DZEM
како џем, од сливи од кајсии, од капини. Всушност покрај
доброто кафе, можеш едноставно да јадеш и парче леб со џем. Областа е полна и
со скапи ресторани во кои гулаш супата е три пати поскапа од обично.
Ја служат на една метална висулка во метална чинија и нема некоја голема
разлика од нашата телешка чорба, освен тоа што парчината месо се крупно
исечени. Близу е и поштата POSTA која се чита- пошта. Буквата S (C) овде се чита Ш, а ако сакате да кажете С, тогаш- SZ. Затоа сеуште се навикнувам да изговарам БудапеШт а не Будапест на Англиски. Не упатија дека таа
пошта е една од подобрите затоа што чекаш на ред со бројче кое го добиваш од
автоматот на влезот на вратата, но за да го добиеш бројчето треба да имаш
напредно познавање на унгарски затоа што ти нуди листа од 20 опции за услугата
која ти треба, секако се напишано на унгарски. Всушност, се е напишано на
Унгарски, секаде, со некакви мали исклучоци, и тоа е интересното. Дали во денот
ќе се разбереш со некој е авантура која зависи од нечија добра волја. Унгарците
(ова е веќе од официјална презентација за нивната култура) пред неколку години
почнуваат да учат англиски, затоа што и самите филмови кои ги гледаат се речиси
секогаш со синхронизиран унгарски превод. Рано е да го карактеризирам нивниот
менталитет, но можам да спомнам некои забелешки. Интересна комбинација од луѓе
со добар план и организација, но истовремено со мали потфрлувања. Ова секако
веднаш им го препишуваат на измешаниот западен и источен менталитет. Всушност,
во своите турустички водичи тие Источна Европа ја посочуваат како регион на кој
тие не припаѓаат. Воздржани се, но знаат да бидат особено пријателски
настроени. Сеуште треба да научам што значат нивните гестикулации и гримаси
затоа што секојдневно се прашувам. Еден интересен менаџерски детал е контролата
на билетите во метроата- одеднаш некој што седи до тебе може да извади парче
платно на кое е сошиена легитимацијата, да ја стави на рака и да поче да бара
билети за контрола. За повеќе детали, гледајте го филмот Kontroll, Унгарски филм, но гледајте го откако ќе се вратите во вашата земја. Ова е
пријателско предупредување.
И Унгарците како и
Балканците и другите граѓани од Источна Европа се преоптеретени со историја,
митологија и особено се чувствува транзициската атмосфера. За некој како мене
доаѓајќи од таков регион, тоа е донекаде и удобна состојба затоа што едноставно
многу од однесувањето е јасно од каде доаѓа, иако без многу навлегување,
претходниот режим, т.н. комунистички има разлики на Балканот и во Источна
Европа. Сепак, овој текст не е наменет за таа дебата.
За крај, ова не е
туристички водич, мемоари на еден странец или слично туку ова е моето
секојдневие кое би сакала од време на време да биде меморирано. Па да се обидеме да го меморираме ... малку
по малку
Драга Оли,
ReplyDeleteМе израдува оваа зелена позадина исто како и оваа скица на твоето секојдневие.
Срдечен поздрав
Se nadevam deka kje gi sovladash 20-te poshtarski opcii na ungarski ,za konecno i nie da se potrudime da razbereme po nekoe Ungarsko pozdravche...
ReplyDeletePregratnuvanja