Во овој град се претпоставува дека постојат околу 500 кафе места а тоа се потврдува речиси на секое ќоше на улиците. Се надевам дека нема да го заборавам често фотоапаратот, па ќе се обидам да ги пребројам :) До сега највкусното кафе кое го имам испиено беше на еден балкон со мајка ми од каде се гледа панорама на Будимпешта и каде се свири унгарска музика во живо на пијано и виолина. Малку подоле се продава тесто кое се пече во фурна замотано околу огромно сукало и има четири вкусови: ванила, кокос, чоколадо и обичен вкус. Да, пред да се пие кафе, заборавив да кажам дека е добро да се посети операта каде свири филхармонијата на Будимпешта. Веројатно е нешто посебно, или можеби непознавањето на јазикот си го прави своето, но овде диригентот пред да се свири композицијат, дава дваесет/минутен вовед. Сепак, тоа и не изгледа така страшно погледнато од малите балкони кои собираат по шест луѓе.
Tuesday, September 27, 2011
Кафе во Будимпешта

Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment