I travel to my sweet home- Strumica. Again I am overwhelmed with the marvelous feeling of the hour that is passing by and is bringing me closer to the smell and taste of home. How can a man believe and be joyful only for the material things or the visible ones, when so often is carried on a journey of indescribable beauties, which the heart is only capable of observation? It lifts up the spirit on a level from where it is hard to come down to what we call reality. In those moments I wonder, “Is this I”? Is it possible? Yes, it is and much more then that, because it is an incorporation of a perspective that is much greater then ours. It takes just a little to let your thoughts to the goodness and confidence of God’s creation virtue, and God will strengthen His manifestations through very simple things which all of the sudden seem to be touched in a particularly lively way, and bring them to my sight. It is so interesting to me that God talks to me most of the times through visibly poor, humiliated and forgotten things. It took so little to me to start putting myself in the skin of a man that is sitting in front of me in the bus who I have noticed many times begging in Skopje. When I went to the bus station to buy breakfast, I could spend 40 and he spent 10 denars. We both eat now. I have my laptop in my hands and he… only has the small package of some snacks and that’s all. But I wonder, how come God? How come You show me your greatest beauty through these people? I have no idea what kind of life this person has, I just see his face but I also remember your words “Blessed are the poor because they will inherit My Kingdom.” When a man lives like that, when his world is the sky above him, his heart in him and the breath You are giving him, will he not be able to see how great You are once you take care of him not to die out of hunger? I do not know if I could even think of sometimes getting mad at You because of these people, when you have already revealed to me that if I ultimately have You in my heart, literally- everything else is a surplus, a luxury which You have decided to give me but also ask from me to learn how to use it. This is God’s splendor. The sufficiency in the poorest matter, but actually the most grandiose one! How can I not be thankful to God for literally everything? I do not know of more interesting, more adventurous, more colorful and richer life from the one with God being in the core of all the little and great things. Again, not because of distrust, not because pride but probably because I am still a human being. I will have to ask from God for the luxury to bring my loved ones closer to Him. But I also pray for the people I meet everyday when even for a second I want to ask God to take care of them. Yes, I know God’s care and plan are much greater, much more profound, but I remain in prayer. With hope, joy and trust in His will.
Патувам кон мојот мил дом, кон Струмица и повторно сум обземена со преубавото чувство на часот кој изминува и кој ќе ме донесе до мирисот и вкусот на дома. Како човек да верува само во материјалното, во видливото, кога толку често е обземен од неописливи убавини кои само срцете силно ги опсервира и го покренува духот на ниво кое започнува да има потешкотии да се симне на нивото на она што велиме дека е реално. Зар сум ова јас? Зар е можно? Да, и повеќе од тоа, затоа што тоа е всадување на многу поголемо провидение од нашево. Само малку треба човек да ја препушти мислата кон доброто и довербата во доблеста на Божјото создание, и Бог уште толку да ги засили своите манфестации преку многу едноставни работи кои како наеднаш да ги допира со посебен живот и ги истакнува пред моиве очи. Интересно ми е тоа што Бог најчесто ми зборува преку привидно бедните работи, понизените, oтфрлените, заборавените. Малку ми требаше да почнам да се ставам во кожата на човекот кој седи пред мене во автобус и кој го имам гледано многупати како проси во центарот на Скопје. Го имам забележано, и го знам. Кога јас заминав на автобуската да купам појадок, јас можев да потрошам 40, но тој 10 денари. И двајцата јадеме по пат, еден зад друг седејќи. Јас сум со мојот лап топ во раце а тој... само со малото пакетче соленки и толку. Но си велам Господе, како може? Како може твојата најголема убавина да ми ја објавуваш преку ваквите луѓе? Јас не знам каков живот живее овој човек, јас ја гледам неговата појава, но јас само се сеќавам на твоите зборови. “Блажени се бедните и сиромашните затоа што тие ќе го наследат Царството Божјо”. Кога човек живее на тоа ниво, кога светот му е небото над него, срцето во него и здивот кој му го подаруваш, зар не ќе може да ја виде Твојата големина откако ти ќе се погрижиш да не умре од глад? Јас незнам дали смеам и да помислам да Ти се налутам понекогаш за ваквите луѓе кога Ти веќе ми имаш откриено и мене самата дека ако Тебе те имам во срцево, буквално се друго е еден вишок, еден луксуз кој си решил да ми го подариш но и да бараш од мене да учам како да го користам. Е тоа е Божјата убавина. Доволното во најскудното, а всушност најграндиозното! Како да не Му се заблагодарам на Бог за се, буквално за се. Јас незнам за поинтересен, поавантуристички, побогат и пообоен животот од овој со Бог во суштината на сите мали и големи нешта. Јас само повторно, не заради недоверба, не заради гордост но веројатно заради тоа што сеуште сум човек ќе морам да го замолам Бог за луксузот на тоа да ги приближува моите ближни кон Него но и луѓево кои секојдневно ги среќавам, и макар и за секунда сакам да го замолам Бог да се грижи за нив. Ах, знам дека Бог се грижи, дека има план, дека е најпровиден, но јас останува да молам. Со надеж со радост и со доверба во Неговата волја.
No comments:
Post a Comment