Денес го слушав
господинот Роберт Бадинтер, кое име го знаеме заради “Бадинтеровиот принцип”
или гласање со двојно мнозинство во Македонскиот Парламент. Темата на неговото
предавање беше “Европска Правда” во кое, како истакнат правник даде краток
осврт на Европската Правда. Еве неколку поенти вредни да се истакнат: проектот
Евроспка Унија е затварање на страниците од минатото и почеток на заеднички
живот на Европските држави. Бадентер посочи дека вртењето кон минатот за Европа
е исто како шофер кој не гледа пред себе додека вози и дека порано или подоцна
ќе се сретне со некое дрво. Главниот предизвик за Европа (секако покрај
доминантната економска криза) е како Европа ќе продолжи да напредува кон
одржување или создавање (?!) на Европска Правда? Европската цивилизација се
заснова на четири столбови: Античко- Грчката филозофија, Христијанството,
Римското Право и Ренесансата. Земајќи го во предвид овој историски континуитет, Европа (или
Европска Унија- многу нејасно видување на Бадинтер) треба да поработи на
автентична Европска правда која сеуште ја нема. Сето ова е парадоксално за
Бадинтер, затоа што ЕУ има свои институции, договори, судови, законодавство.
Зошто? Затоа што воспоставувањето на таква правда зависи од политчката моќ!
Ваквиот изненадувачки факт продолжува со тоа дека суверенитетот и интегритетот
е цврсто поврзан со правдата. Она со што ЕУ треба да се соочи се мафиите,
границите, национите правни системи на државите и извршителите на политичките
одлуки. Потребата од заедничкото право е се повидлива во транснационалните
бракови, имиграцијата, економијата и затоа што срцето на Европа е пазарот кој
сам по себе бара се повеќе закони и регулација, која секако бара и заедничко
право. Чекорите кои во иднина треба да се превземат што всушност е креативниот
дел од сугестиите на Бадинтер се градење на поголема доверба помеѓу
националните законодавства, што пред се се гледа во довербата во компетентноста
на судиите. Главниот предуслов е да не бидат корумпирани. Ова беше споменато во
контекст на формирање единствено Европско Судство кое мора најнапред да го
помине тестот на компетентност на судиите од различни земји членки. Прашањето
во однос на оваа поента е до која мера судиите во Меѓународниот Кривичен
Трибунал за Бивша Југославија го имаат поминато тестот на компетентност за кој
суд Бадинтер ќе каже дека е неговиот голем успех но истовремено и “остварена одмазда”
поради неможноста да најде ентузијасти за создавање на ваков Суд во Западните
Европски држави пред овој во за Бифша Југославија. Бадинтер има конкретни
предлози: дванаесет земји членки од постојаните 27 на ЕУ треба да се состанат и
да преговараат за ЕУ Судство. Тоа не треба
да ги вклучува сите основачки членки затоа што тогаш се би било
“премногу лесно” вели Бадинтер. Тие треба врз основа на она што веќе постои од
институционален капацитет да работат на градење на поголема меѓусебна доверба и
да дојдат до решение на ова прашање.
Од горенаведеното
произлегуваат неколку генерални заклучоци: Правниците го гледаат проктот ЕУ
постојано во потреба од конституционализирање т.е. поголема унификација,
воспоставување на некаков вид на Устав
што зборува за тоа дека Лисабонскиот договор е сеуште далеку од
замислената идеја. Ова е поразлично од она што го гледаат политиколозите кои
сеуште се трудат да го класифицираат ЕУ политчкиот систем, ако и тоа може да се
нарече така па од таму да можат да предвидуваат за понатамошениот системски
развој на Унијата. Проблемот со заедничката валута, Европската Централна Банка,
Безбедносната политка се дел од пакетот проблеми на супранационалната ЕУ
формација. Ентузијазам за примање на нови земји членки барем од говорот на
Бадинтер воопшто нема, но она што е според мене е малку потрагично е прилично
идеалистичкиот пристап кон создавање на заедники судски систем, кој во
ситуацијата во која се наоѓа ЕУ ни оддалеку не изгледа возможен. Друг проблем е
деградирањето на четирите гореспоменати столбови на Евроспката цивилизација:
Античка Грција- ЕУ има сериозен проблем со моменталната состојба на
демокртскиот систем кој се огледува во скептицизам кон граѓанското учество во
изборите, доверба во институциите, се поголемото незадоволство од социјалната
нееднаквост и незнаењето како да се справи со интегрирање на малцинства во
своите напредни демократии. Христијанство - како никогаш досега Европа се нема
фалено со својата секуларизација и успехот да го “заузди” Хритијанството во
прватната сфера на животот на своите граѓани; Римското Право – кое би ставило
доста прашалници на одност на ЕУ кон земјите аспиранти за членство во Унијата и
конечно Ренесансата која до некаде изгледа како да опстојува во доминацијата на
секуларизмот и рационализмот, но во време на релативизирање на секакви
вредности и политчка коректност, дури и Ренесансата е закопана некаде во
деконструктивизмот и апатичниот став кон потреба да се трага и знае вистината. Едно е сигурно, ЕУ, како и
повеќето останати држави моментално е во идентитетска криза особено на својот
политчки систем кој не е ништо фамозно туку начин на организирање на
општествениот живот. Со дерогирана репрезентативна демократија, корупција и
доминација на политичка, академска и бизнис ароганција, премногу идеалистичките
идеи на Бадинтер се реален одговор или подобро, поставување огромен прашалник
на она што и политиката и правото постојано го избегнуваат како тема: што е со
вредностите и моралот кои се спомнуваат само како декор за да дадат историска
но не и реална легитимација на денешнава политика? Ова секако ја води
дискусијата кон други многу поекстензивни теми за идеолошките кризи на партиите
и кризите на личниот интегритет на лидерите. Една многу важна поента од сето
ова кое може да се научи е дека не е ЕУ реперот за Македонија во се, напротив,
и Македонија може да гледа до каде таа може да ја рационализира иднината на
фамилијата на која сака да се приклучи а не да ги гледа само екстремите на
Евроскептицизам или Евроентузијазам. Постои и Еврореализам кој е во длабока себе-
реинвенција.
I loved reading it! Thanks for sharing it darling :)
ReplyDelete