Thursday, November 10, 2011

Здодевни, но вести кои треба да се знаат




Денес го слушав господинот Роберт Бадинтер, кое име го знаеме заради “Бадинтеровиот принцип” или гласање со двојно мнозинство во Македонскиот Парламент. Темата на неговото предавање беше “Европска Правда” во кое, како истакнат правник даде краток осврт на Европската Правда. Еве неколку поенти вредни да се истакнат: проектот Евроспка Унија е затварање на страниците од минатото и почеток на заеднички живот на Европските држави. Бадентер посочи дека вртењето кон минатот за Европа е исто како шофер кој не гледа пред себе додека вози и дека порано или подоцна ќе се сретне со некое дрво. Главниот предизвик за Европа (секако покрај доминантната економска криза) е како Европа ќе продолжи да напредува кон одржување или создавање (?!) на Европска Правда? Европската цивилизација се заснова на четири столбови: Античко- Грчката филозофија, Христијанството, Римското Право и Ренесансата. Земајќи го во предвид  овој историски континуитет, Европа (или Европска Унија- многу нејасно видување на Бадинтер) треба да поработи на автентична Европска правда која сеуште ја нема. Сето ова е парадоксално за Бадинтер, затоа што ЕУ има свои институции, договори, судови, законодавство. Зошто? Затоа што воспоставувањето на таква правда зависи од политчката моќ! Ваквиот изненадувачки факт продолжува со тоа дека суверенитетот и интегритетот е цврсто поврзан со правдата. Она со што ЕУ треба да се соочи се мафиите, границите, национите правни системи на државите и извршителите на политичките одлуки. Потребата од заедничкото право е се повидлива во транснационалните бракови, имиграцијата, економијата и затоа што срцето на Европа е пазарот кој сам по себе бара се повеќе закони и регулација, која секако бара и заедничко право. Чекорите кои во иднина треба да се превземат што всушност е креативниот дел од сугестиите на Бадинтер се градење на поголема доверба помеѓу националните законодавства, што пред се се гледа во довербата во компетентноста на судиите. Главниот предуслов е да не бидат корумпирани. Ова беше споменато во контекст на формирање единствено Европско Судство кое мора најнапред да го помине тестот на компетентност на судиите од различни земји членки. Прашањето во однос на оваа поента е до која мера судиите во Меѓународниот Кривичен Трибунал за Бивша Југославија го имаат поминато тестот на компетентност за кој суд Бадинтер ќе каже дека е неговиот голем успех но истовремено и “остварена одмазда” поради неможноста да најде ентузијасти за создавање на ваков Суд во Западните Европски држави пред овој во за Бифша Југославија. Бадинтер има конкретни предлози: дванаесет земји членки од постојаните 27 на ЕУ треба да се состанат и да преговараат за ЕУ Судство. Тоа не треба  да ги вклучува сите основачки членки затоа што тогаш се би било “премногу лесно” вели Бадинтер. Тие треба врз основа на она што веќе постои од институционален капацитет да работат на градење на поголема меѓусебна доверба и да дојдат до решение на ова прашање.
Од горенаведеното произлегуваат неколку генерални заклучоци: Правниците го гледаат проктот ЕУ постојано во потреба од конституционализирање т.е. поголема унификација, воспоставување на некаков вид на Устав  што зборува за тоа дека Лисабонскиот договор е сеуште далеку од замислената идеја. Ова е поразлично од она што го гледаат политиколозите кои сеуште се трудат да го класифицираат ЕУ политчкиот систем, ако и тоа може да се нарече така па од таму да можат да предвидуваат за понатамошениот системски развој на Унијата. Проблемот со заедничката валута, Европската Централна Банка, Безбедносната политка се дел од пакетот проблеми на супранационалната ЕУ формација. Ентузијазам за примање на нови земји членки барем од говорот на Бадинтер воопшто нема, но она што е според мене е малку потрагично е прилично идеалистичкиот пристап кон создавање на заедники судски систем, кој во ситуацијата во која се наоѓа ЕУ ни оддалеку не изгледа возможен. Друг проблем е деградирањето на четирите гореспоменати столбови на Евроспката цивилизација: Античка Грција- ЕУ има сериозен проблем со моменталната состојба на демокртскиот систем кој се огледува во скептицизам кон граѓанското учество во изборите, доверба во институциите, се поголемото незадоволство од социјалната нееднаквост и незнаењето како да се справи со интегрирање на малцинства во своите напредни демократии. Христијанство - како никогаш досега Европа се нема фалено со својата секуларизација и успехот да го “заузди” Хритијанството во прватната сфера на животот на своите граѓани; Римското Право – кое би ставило доста прашалници на одност на ЕУ кон земјите аспиранти за членство во Унијата и конечно Ренесансата која до некаде изгледа како да опстојува во доминацијата на секуларизмот и рационализмот, но во време на релативизирање на секакви вредности и политчка коректност, дури и Ренесансата е закопана некаде во деконструктивизмот и апатичниот став кон потреба да се трага и  знае вистината. Едно е сигурно, ЕУ, како и повеќето останати држави моментално е во идентитетска криза особено на својот политчки систем кој не е ништо фамозно туку начин на организирање на општествениот живот. Со дерогирана репрезентативна демократија, корупција и доминација на политичка, академска и бизнис ароганција, премногу идеалистичките идеи на Бадинтер се реален одговор или подобро, поставување огромен прашалник на она што и политиката и правото постојано го избегнуваат како тема: што е со вредностите и моралот кои се спомнуваат само како декор за да дадат историска но не и реална легитимација на денешнава политика? Ова секако ја води дискусијата кон други многу поекстензивни теми за идеолошките кризи на партиите и кризите на личниот интегритет на лидерите. Една многу важна поента од сето ова кое може да се научи е дека не е ЕУ реперот за Македонија во се, напротив, и Македонија може да гледа до каде таа може да ја рационализира иднината на фамилијата на која сака да се приклучи а не да ги гледа само екстремите на Евроскептицизам или Евроентузијазам. Постои и Еврореализам кој е во длабока себе- реинвенција.  

Tuesday, November 8, 2011

Чајче од Нане

Ноемвриско утро кое ме буди со политичка филозофија и идејата за Општествениот договор кој го оставам за подоцна... за да се напијам топло чајче од нане, наберено од мојот двор во мојата Македонија со две парчиња ајвар направен од мојата мајка во мојата Македонија и парче бело сирење направено во мојата Македонија.... зар има повкусно утро во Будимпешта?

А сега: Што не прави послушни на државата? Што не тера да се прилагодуваме на нејзините правила? Нема Божествен авторитет, нема природна предодредба или доминација на знаењето ... лична согласност? Аристотел, Платон... Лок... држава... живот  ... неопходност  и чајче од нане.

Tuesday, September 27, 2011

Кафе во Будимпешта


Во овој град се претпоставува дека постојат околу 500 кафе места а тоа се потврдува речиси на секое ќоше на улиците. Се надевам дека нема да го заборавам често фотоапаратот, па ќе се обидам да ги пребројам :) До сега највкусното кафе кое го имам испиено беше на еден балкон со мајка ми од каде се гледа панорама на Будимпешта и каде се свири унгарска музика во живо на пијано и виолина. Малку подоле  се продава тесто кое се пече во фурна замотано околу огромно сукало и има четири вкусови: ванила, кокос, чоколадо и обичен вкус. Да, пред да се пие кафе, заборавив да кажам дека е добро да се посети операта каде свири филхармонијата на Будимпешта. Веројатно е нешто посебно, или можеби непознавањето на јазикот си го прави своето, но овде диригентот пред да се свири композицијат, дава дваесет/минутен вовед. Сепак, тоа и не изгледа така страшно погледнато од малите балкони кои собираат по шест луѓе. 

Sunday, September 11, 2011

ама

Меѓу другото, додека го поминував мостот од Pest во Buda, слушав класична музика на една радио станица, автобусот се разминуваше со трамваи. Сообраќајот изгледаше хаотичен, а сепак толку возбудилв затоа што се е всушност истрасирано. Јас, патник на сигурно, ја слушав вибрантната класична музика која го менува тонот и бојата и го прави истрасираниот хаос возбудлив. Прекрасна архитектура. Прекрасна. За момент, заборавам на социјалниот контекст, на влогот заради кој зградите изгледаат вака, и едноставно уживам во артистичкото дело на цветови и лица изгравирани покрај секое мало балконче. Јас според студии сум политиколог и до некаде историчар, но убаво е кога понекогаш успевам тоа да го избришам од позадината на мојот ум и да го доловам она другото во кое најчесто се сопирам. Оваа зграда изгледа грандиозно и раскошно-убаво, накитено и богато! Заборавив на АМА...
Нешто подоцна шетавме низ градот со автобус со расипана клима и тетка- туристички водич која е една од оние за кои мислам дека не може да помисли зло и не знае да повиши тон. Ваков вид на прошетки не ми се омилени но се корисни за да ме лоцираат во простор и време. Деталите ќе следуваат откако за повеќе од 1,2,,3, 5 минути ќе ги доживувам симетрично изградениот парламент, главните авении и булевари (патем, го сакам зборот булевар затоа што кога бев мала и живеев во Пробиштип, таму имаше вкупно еден семафор, а булевар тогаш знаев дека е нешто многу понапредно од тоа), библиотеките, музеите, бањите, парковите, плоштадите, сите преименувани по пет шест пати во зависност од РЕЖИМОТ и ВЛАСТА. За мене покрај сите монументални згради кои едвај чекам детално да ги истражам, еве што беше најзабавно: додека шетавме низ Областа (Castle District) со замоци и тврдини, застанавме пред отворените прозорци на една сосма обична станбена зграда лоцирана помеѓу сите палати (остаток од некакви решени или недорешени национализации или денационализации). Додека тетката водич раскажуваше за тоа како во оваа област живее претседателот и дел од пратениците, јас ѕиркав внатре преку отворените прозорци во полиците со книги и домаќинска атмосфера. Веќе замислував како сум внатре во таа соба, и имам пристап до нечија мала библиотека која е во непосредна близина до монументалната Национална Библитека. Одеднаш, се појави едно старче со огромни очила и нервозно почна да го затвара прозорецот затоа што нашата тетка гласно и возбудливо ни раскажуваше . . . за неговото секојдневие.  

Saturday, September 10, 2011

POTTYOS



One of my favorite candies so far!

Túró is a basically a cheese, a soft, white unaged cheese extremely popular in Hungary, and Túró Rudi is a bar of that cheese but with an outer coating of chocolate wrapped in the very recognizable white and red polka dots wrapping. As a snack it is quite healthy, as the chocolate coating is quite thin, and the Túró cheese has a low fat content (apparently about the same as yogurt) and no salt added.
Túró Rudi is extremely popular, and is definitely something unique to the Hungarian culture. If you pay attention you can see the distinguishable red polka dots on white background wrap everywhere in Hungary: being unwrapped tram, buses, and trains; waiting to be picked on supermarkets shelves; and unfortunately even littering the streets. Blame it on the chocolate coating, but Túró Rudi is something that everyone enjoys, even tourists tasting it for the first time.  http://nakedhungary.com/2009/07/08/turo-rudi-the-hungarian-national-snack/




БудапеШт


Го запознавам и градот и луѓето се повеќе. Секој ден патеката е позната: Автобус- 2 станици, Метро/ 6 станици до Deak Ter , и 10 минути пешачење. Исто онолку колку што ми требаше за да стигнам до факултет во Скопје со 2 или 12. Метрото е секогаш приказна- секој ден. Затоа што до тебе, пред тебе стои или седи некоја приказна. Вчерашната беше мала кавга помеѓу дебелко плаво девојче со развлечено старо зајче (играчка) во раце и нешто постариот брат од нејзе, можеби пет годишен со огромни сини очи. Малата  плачеше затоа што братчето додека метрото безмилосно поаѓаше се држеше цврсто за истата рачка како и нејзе, и плачеше на цел глас секогаш кога раката на брат и ќе ја допреше. Но приказни има многу, напнатос и уживање исто така.
Факултетот во кој студирам се наоѓа во строгиот центар на градот, на 3 минути пешачење до Дунав каде потоа пак се отвора цела една нова разгледница. Блиску е и академијата на науките, базиликата св. Стефан, а блиску е и едно мало местенце за добро кафе кое се вика DZEM како џем, од сливи од кајсии, од капини. Всушност покрај доброто кафе, можеш едноставно да јадеш и парче леб со џем. Областа е полна и со скапи ресторани во кои гулаш супата е три пати поскапа од обично. Ја служат на една метална висулка во метална чинија и нема некоја голема разлика од нашата телешка чорба, освен тоа што парчината месо се крупно исечени. Близу е и поштата POSTA која се чита- пошта. Буквата S (C) овде се чита Ш, а ако сакате да кажете С, тогаш- SZ. Затоа сеуште се навикнувам да изговарам БудапеШт а не Будапест на Англиски. Не упатија дека таа пошта е една од подобрите затоа што чекаш на ред со бројче кое го добиваш од автоматот на влезот на вратата, но за да го добиеш бројчето треба да имаш напредно познавање на унгарски затоа што ти нуди листа од 20 опции за услугата која ти треба, секако се напишано на унгарски. Всушност, се е напишано на Унгарски, секаде, со некакви мали исклучоци, и тоа е интересното. Дали во денот ќе се разбереш со некој е авантура која зависи од нечија добра волја. Унгарците (ова е веќе од официјална презентација за нивната култура) пред неколку години почнуваат да учат англиски, затоа што и самите филмови кои ги гледаат се речиси секогаш со синхронизиран унгарски превод. Рано е да го карактеризирам нивниот менталитет, но можам да спомнам некои забелешки. Интересна комбинација од луѓе со добар план и организација, но истовремено со мали потфрлувања. Ова секако веднаш им го препишуваат на измешаниот западен и источен менталитет. Всушност, во своите турустички водичи тие Источна Европа ја посочуваат како регион на кој тие не припаѓаат. Воздржани се, но знаат да бидат особено пријателски настроени. Сеуште треба да научам што значат нивните гестикулации и гримаси затоа што секојдневно се прашувам. Еден интересен менаџерски детал е контролата на билетите во метроата- одеднаш некој што седи до тебе може да извади парче платно на кое е сошиена легитимацијата, да ја стави на рака и да поче да бара билети за контрола. За повеќе детали, гледајте го филмот Kontroll, Унгарски филм, но гледајте го откако ќе се вратите во вашата земја. Ова е пријателско предупредување.
И Унгарците како и Балканците и другите граѓани од Источна Европа се преоптеретени со историја, митологија и особено се чувствува транзициската атмосфера. За некој како мене доаѓајќи од таков регион, тоа е донекаде и удобна состојба затоа што едноставно многу од однесувањето е јасно од каде доаѓа, иако без многу навлегување, претходниот режим, т.н. комунистички има разлики на Балканот и во Источна Европа. Сепак, овој текст не е наменет за таа дебата.

За крај, ова не е туристички водич, мемоари на еден странец или слично туку ова е моето секојдневие кое би сакала од време на време да биде меморирано.  Па да се обидеме да го меморираме ... малку по малку 

Wednesday, August 10, 2011

Eyes


 Eyes say wisp of words,
One gaze of a person warms more then thousands sunrays,
Remembrance of all blinks of an eye shimmering a kind heart,
Those eyes are the reflection of energy indescribable
 Think of those eyes, those seconds, those blinks,
Weren’t they all the gems one could receive by a single moment?
And inspiration greater then the universe in mind to bear,
To share, to grasp and put it in a prayer.
When you ask me, why come back
In this country of despair
I say because of all this eyes that brought the best in my life,
Worthy to be seen over and over again,
By a non-worthy like me who knows so little
And receives so much.